Friday, March 24, 2017

Презентација- Биографија на Блаже Конески

На часот по македонски јазик, имавме задача од страна на наставничката да извршиме презентација за познати македонски личности. Сите ученици беа поделени во 7 групи по 3 ученици. Јас бев во група со Марија Сталевска, која беше лидерот и Јана Гиевска. Ние имавме задача да напишеме за Блаже Конески. Нашата презентацијата ја извршивме на Google Slides. Сите работевме заеднички и бевме сложни и јас сметам дека нашата група беше одлична, но следниот пат ќе се потрудиме да го запазиме времето.