Tuesday, January 2, 2018

„Галебот Џонатан Ливингстон“ - Ричард Бах

  "Галебот Џонатан Ливингстон" е басна напишана од Ричард Бах во која се зборува за галеб кој бил различен од другите галеби. Џонатан многу сакал да лета, и тој постојано учи за животот на летањето. Бил слаб, но летањето го сакал повеќе од храната.
  Родителите го молеле да биде како другите галеби. Сакале да се грижи за својата исхрана, но тоа не му било важно. Тој само сакал да стане летечки виртуоз. Со напорни вежби успеал да постигне брзина од 396 километри на час. Тоа бил рекорд во јатото и Џонатан очекувал пофалби од Старешината. Меѓутоа, Старешината го прекорил и го истерал од јатото. 
  Џонатан бил уверен дека следува повисока цел во животот. Тој бил повреден што никој да види што постигнал или да го слушне. Но, тој сепак никако не се откажувал од своите желби.
  Галебот одлучува да се врати во Јатото и да го напушти новиот свет. Флечер млад бунтовен галеб станува негов ученик. Џонатан засекогаш го напушта тој свет и го остава Флечер за да ги подучува другите галеби на патот кон остварување на своите желби.
  Без разлика какви сме, никогаш нема да бидеме прифатени од сите. Важно е да не се променуваме за други, без разлика дали сме различни од нив и секогаш да се бориме за нашите желби и соништа.