Денешното време е многу поразлично од минатото. Младите често слушаат од некој постар "кога бев твое годиште времето беше поразлично". Има позитивни, но и негативни карактеристики. Нашите родители кога биле деца немале интернет, и не биле заинтересирани за технологијата. Излегувале надвор заедно со своите пријатели и меѓусебно се дружеле. Но, за разлика од тогаш, денес технологијата го променува животот. Интернетот е многу застапен, и младите се заразени со технологијата. Младите денес често не комуницираат со своите пријатели, туку деновите ги поминуваат на своите телефони, компјутери, и други различни уреди. Интернетот и технологијата се многу голем дел од денешниот свет. Интернетот е многу корисен и технологијата се повеќе и повеќе напредува. Во иднината, неможам да замислам каков ќе биде светот и што се ќе има. Јас сметам дека времето во коешто живеам сепак е добро за мојата генерација.
Tuesday, February 28, 2017
Monday, February 27, 2017
Колаборативна работа - Обработка на делото ,,Времеплов'' од Х.Џ. Велс
Минатата недела, на часот по македонски јазик, ја обработувавме лектирата "Времеплов" од Х. Џ. Велс. Имавме задача од страна на наставничката да направиме табела за список на настани од делото, поделени на три дела: опис на ликови, судир (проблем) и чувства. Бевме поделени на група од тројца ученици. Јас бев лидерот, и наставничката по македонски јазик ми испрати линк што требаше да го споделам со соучениците од мојата група. Во мојата група, беа вклучени соучениците Ања Прчева и Атанас Зафироски. Мојата задача беше да ги опишам судирите (проблемите) во настаните. Нашата група беше одлична, сите во групата работевме заеднички. Јас сметам дека мојата задача беше извшена добро, и се надевам дека вашето мислење ќе го споделите. Во прилог ја оставам табелата од описот на ликови, судир (проблем) и чувства.
Настан
|
ликови
|
судир/проблем
|
чувства
|
|
Времепловецот е упорен дека човекот може да патува низ времето, назад во минатото и напред во иднината.
|
Пријателите не му веруваат на времепловецот дека може да патува низ времето, и затоа тој треба да докаже дека може.
|
Временскиот патник е возбуден бидејќи сака да ја покаже својата машина на љубопитните пријателите, кои сеуште веруваат дека човекот неможе да патува низ времето.
|
|
Временскиот патник се враќа ранет, распарталавен и со прашина на облеката.
|
Времепловецот изчезнува и никој не му верува за временската машина.
|
Пријателите се загрижени за патувањето на Времепловецот, а тој е горд поради создавањето на временската машина.
|
|
Eлоите се мали и нежни суштества со кадрава коса, без влакна на лицето и со шилести бради. Тие имаат нежен поглед и се хранат само со овошје.
|
Времепловецот се наоѓа во друг град и не е дојден.
|
Времепловецот е изненаден од новиот град, а исто и Елоите бидејќи тој бил поразличен од нив.
|
|
Елоите се мали и добри суштества и го запознаваат Времепловецот со околината.
|
Елоите се единствените суштества кои ги запознал времепловецот и тие не работат ништо.
|
Патникот е зачуден поради новите суштества кои ги сретнува.
|
|
Вина е девојка со убави и нежни очи, која се заљубува во временскиот патиник.
Mорлоците се лоши суштества кои личеле на мајмуни и се хранеле со Елоите. Тие излегувале само ноќе бидејќи се плашеле од светлината. Морлоците станале лоши бидејќи биле искористувани од богатите, па така станале човекојадци.
|
Временската машина на времепловецот е украдена. Тој мисли дека елоите ја украле.
Моплоците биле лоши и станале човекојадци.
|
Времепловецот е исплашен поради исчезнувањето на својата машина, но и храбар поради спасувањето на Вина.
|
|
Времепловецот е тажен поради збогувањето со Вина, но истовремено и среќен што Морлоците бегаат.
|
Времепловецот тажно се збогува со Вина. Тој запалува кибритчиња и Морлоците бегаат од нив.
|
Времепловецот се чувствува тажно бидејќи можеби нема повторно да ја види Вина, но и храбар бидејќи се бори против Морлоците. Тие се плашат и бегаат од светлината.
|
|
Времепловецот е тажен поради збогувањето со Вина, но истовремено и среќен што Морлоците бегаат.
|
Времепловецот се плаши од Mесечината бидејќи Морлоците можат да направат нешто лошо.
|
Патникот е исплашен поради лошите работи кои можат да ги прават Морлоците за време на месечината.
|
|
Времепловецот е возбуден поради влегувањето во палатата.
|
Времепловецот ги забележува уништени и оштетени галерии.
|
Времепловецот е зачуден од изгледот во Зелената Палата.
|
|
Вина е исплашена поради присуството на Морлоците.
|
Вина и Времепловецот се сретнуваат со Морлоци. Неможеле и двајцата да се одбранат и жалосно Вина умира.
|
Временскиот патник е исплашен поради средбата со Морлоците, а малата Вина се плаши.
|
|
Временскиот патник е среќен поради наоѓањето на својата машина.
|
Времепловецот ја пронајдол временската машина.
|
Патникот е среќен бидејќи ја пронајде својата машина.
|
|
Времепловецот е возбуден за враќањето во своето време.
|
Времепловецот патува низ времето кон сегашното време.
|
Времепловецот е среќен поради враќањето во своето време, но и тажен бидејќи Вина повеќе нема да ја види.
|
|
Временскиот патник раскажува за своето патување во времето и овој пат неговите пријатели навистина се уверени дека човекот може да патува низ времето.
|
Времепловецот докажал дека сепак патувал низ времето. Тој заедно со научникот патувале низ времето.
|
Времепловецот е среќен што конечно има докази за своето патување, а неговите пријатели се зачудени.
|
Subscribe to:
Comments (Atom)