Tuesday, February 28, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите од мојата генерација?

               

 Денешното време е многу поразлично од минатото. Младите често слушаат од некој постар "кога бев твое годиште времето беше поразлично". Има позитивни, но и негативни карактеристики. Нашите родители кога биле деца немале интернет, и не биле заинтересирани за технологијата. Излегувале надвор заедно со своите пријатели и меѓусебно се дружеле. Но, за разлика од тогаш, денес технологијата го променува животот. Интернетот е многу застапен, и младите се заразени со технологијата. Младите денес често не комуницираат со своите пријатели, туку деновите ги поминуваат на своите телефони, компјутери, и други различни уреди. Интернетот и технологијата се многу голем дел од денешниот свет. Интернетот е многу корисен и технологијата се повеќе и повеќе напредува. Во иднината, неможам да замислам каков ќе биде светот и што се ќе има. Јас сметам дека времето во коешто живеам сепак е добро за мојата генерација.



No comments:

Post a Comment