Thursday, December 21, 2017

„Бескрајна Приказна“ - Михаил Енде

    Во делото "Бескрајна Приказна" од Михаил Енде се раскажува за појавата на младото момче Бастијан Балтазар Бак. Тој постојано бил осамен и тажен, и бил исмејуван и искористен од друштвото. Тој ја пронајде својата љубов кон книгите. Овие настани се случуваат во XX век во Земјата Фантазија.
   Еден ден, Бастијан бегал од група деца од училиште и влегол во антикварница каде што се запознава со лошиот продавач. Тој читал книга кој рекол дека е "несоодветна за деца". Поради тоа на Бастијан му го привлекло вниманието и тоа предизвикува да ја украде.
   Бастијан почнува да ја чита книгата и се запознава со јунакот Атреј кој има задача да ја спаси Детската Кралица од опасното "Ништо". Бастијан додека чита се повеќе се внесува во книгата и доаѓа до судир помеѓу ликот Атреј од книгата и Бастијан од реалниот живот. 
    Атреј влегува во една пештера каде што се сретнува со страшниот волк Морг, кој бил помошник на "Ништото" и имал задача да ја уништи Фантазијата. Подоцна, Атреј дознава дека Фантазијата ќе се уништи ако не даде ново име на Детската Кралица. 
    Поради тоа, Детската Кралица го замолува Атреј да даде ново име за да не се уништи Фантазијата. Тој излегол на прозорот и извикал "Дете на Месечината". Со тоа дал ново име на Детската Кралица и ја спасил Фантазијата. 

No comments:

Post a Comment