Thursday, October 19, 2017

„Сердарот“ - Григор Прличев


 Во делото "Сердарот" која е напишана во 1860 год се раскажува за истакнатиот борец Кузман Капидан против големите злодела на ограбувачките албански банди, кои поради ослобудување на султанската власт почнале да го малтретираат мирното и доброто население. Тој имал желба и цел да го заштити родниот крај.

Кузман е главниот лик, односно јунакот во ова дело. Тој е херојот кој заминал во борба за да си го заштити родниот крај. Во ова дело е прикажан како храбар јунак кој е спремен во секое време да се бори, премногу силен и во секоја борба се стремел кон победа. Неговата љубов кон мајка му и народот била огромна и неизмерна. Исто така тој имал преголема љубов и кон неговата девојка Марија. Кузман ја има
истата судбина како и неговиот татко, кој е убиен од непријателот, па затоа тој останал мал сирак. Иако знаел дека има малобројна чета тој имал надеж за победа. Тој поради својата сигурност продолжувал да се бори, а Гегите безмилосно го убиле Кузман.

Неда е мајка на јунакот во делото Кузман. Таа исто така како нејзиниот син е претставена како како борбена млада жена. Таа во секое време е подготвена за борба. Мајката Неда имала иста цел како и Кузман,а таа била да ги заштити селаните од Гегите. Неда е подготвена да стане водач на оваа борба. Како и сите мајки и Неда имала голема љубов кон нејзиниот единствен син, Кузман. Таа е храбра, силна и решителна. Не се плаши од непријателите. По убиството на Кузман, Неда секако го оплакувала нејзиниот син, но не давала на народот истото да го прави бидејќи тоа немало никаква вредност доколку тие самите не го продолжат делото кое го започнал Кузман. Григор Прличев преку ликот на Неда ја опишал неговата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.

Во ова дело исто така се спомнуваат негативните ликови наречени Гегите, кои се непријатели на Кузман. Гегите се прикажани како непријатели, немилосрдни, бездушници, убијци и крадци. Нивната цел била да ги ограбуваат селаните и да им земаат даноци. Од друга страна, нивни позитивни карактеристики се тоа што тие се чувствителни, бидејќи го однеле мртвото тело на Кузман и покрај тоа што можеле да бидат убиени од страна на гневното население. Тие и самите се големи борци, кои имаат многу почит кон борецот, а така ја покажуваат својата човечност. Во оваа поема како посебен борец од гегите се истакнува стариот Албанец, кој ќе ја теши ужалената мајка. Тие имаат почит кон Неда поради загубата на својот син. Исто така ја тешат и ја убедуваат Неда дека нејзиниот син бил голем јунак и секогаш ќе го памтат и почитуваат.

Оваа поема на Григор Прличев е важна за македонскиот јазик, бидејќи тој ја покажува вистинската состојба на народот во тој период. Настани се одвиваат во Западна Македонија кај областа Река. Прикажано е измачувањето на народот од страна на гегите и настојувањето на Кузман Капидан и неговиот народ кон подобар живот без борби.

No comments:

Post a Comment