Monday, November 6, 2017

„Панонски легенди“ - Есеј



   Панонски легенди се вид црковна литература, што се создала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите дела на словенската книжевност. Во делото се опишува животот на браќата Кирил и Методиј. 
   Панонски легенди содржат две житија: "Житието на Св. Кирил" и "Житието на Св. Методиј". Житието на Св. Кирил започнува со опис на животот на Кирил од неговото детство и неговата љубов кон науката и мудроста. Тој се школувал во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата света Софија. Авторот опширно ги опишува мисиите на Св. Кирил, за време на создавањето на азбуката. Една од најзначајните мисии е Моравската Мисија, која кинезот Ростислав го повикал да пропроведуваат на словенски. Житието на Кирил е напишано 16 години подоцна и започнува со сличен вовед, само што е малку подолг. Во "Житието на Св. Методиј"  опишана е животот и делото на постариот брат Методиј. 
   Во двете житија се објаснува за правото на Словените на својот јазик, писменост и култура.  Авторот двајцата ги нарекува "раби божји" прикажувајќи ги како апостоли и светци. Овие учени луѓе го одбрале своето дело со мудрост. 




1 comment:

  1. Ми се допаѓа како се објаснети најважните факти во ова дело.

    ReplyDelete