Sunday, November 19, 2017

„Повик на дивината“ - Џек Лондон


  Во делото "Повик на дивината" од Џек Лондон се разкажува за животот на кучето Бак, и се зборува за бројот на настани што ги доживеал. Тој е главен лик во ова дело, кој бил измачуван од неговите сопственици. 
  Бак е претставен како динамичен лик. Тој правел што мислел дека е правилно, и неговите мислења и постапки мислел дека се добри. Тој секогаш се стремел кон целта. Некои ликови во ова дело го сметаат Бак како спротивник и непријател, а други како мило, добро куче. Но тој знаел кој го сака, а кој не. Бак според своите постапки ни укажува дека би бил слободна и храбра личност. Една од тие постапки е напаѓање на кучето Шпиц. Тој живеел во просто општество, кое е многу поразлично од нашето. Кучето Бак бил одземен од својот сопственик, и бил однесен кај нов. Тој имал многу проблеми со своите сопственици. Некои од неговите сопствениците го измачувале, а други пак сакале да го убијат. Светот во кој живеел Бак бил полн со непријатели и лоши луѓе и ретко се наоѓале луѓе како Џон Торнторн кој му помогнал. Бак е комплексен лик, затоа што поминал низ добри и лоши моменти, и имал различно мислење за светот и луѓето. 
  Во ова дело преку ликот на Бак дознаваме како се справува со различни работи, и дека бил храбар без разлика на сите измачувања што ги истрпил. 

No comments:

Post a Comment