Tuesday, February 13, 2018

„Прва љубов“ - Иван С. Тургењев

1. Фабула 
Ова дело автобиографско дело започнува со средбата на домаќинот со Сергеј Николаевич и Владимир Петрович кои на една забава почнале да раскажуваат за својата прва љубов. 
Сергеј и домаќинот ги раскажале своите приказни, и кога дошол на ред Владимир да раскаже тој одлучи да напише во тетратка, зашто не е добар наратор и неговата приказна е многу долга. 
Владимир, кога бил 16 годишно момче се заљубил во убавата 21 годишна соседка Зинаида, која не ја возвратила љубовта. Таа се заљубила во татко му Петар. Оваа прва љубов била многу значајна за Владимир. 

2. Сценарио 


(1833 година, во Москва, во вилата на Калушкиот Бунар, Владимир се подготвува за универзитет и се преселува)

(Владимир треба да се збогува со својот домашен учител Французинот)
(Родителите различно се однесуваат кон Владимир. Татко се однесува љубезно, а мајка му не му обрнува многу внимание)
(Мајка му на Владимир постојано беше љубоморна, возбудена, но не пред татко му зашто се плашела од него. Ттаткото се држеше самоуверен, сигурен во себе)

Владимир: Јас не сум видел човек кој бил неприродно мирен, сигурен во себе, самоуверен.
Владимир: Никогаш нема да ги заборавам првите недели што ги поминав во вилата. Времето беше прекрасно, се преселивме од гратчето на 9 мај.

(Владимир се замислува.)


Владимир: Крвта вриеше во мене,а срцето ми се стегаше толку слатко и толку смешно; постојано чекав нешто да се случи, се плашев од нешто, бев стегнат како пушка. Се задлабочував во мислите, бев тажен, понекогаш и плачев)
Се сеќавам немав никогаш интерес во љубовта, но имав претчуство дека ке криеше претчуство на срамежливо, слатко, женско...

(Владимир гледа преку прозорот и забележува како група од женски - во неа се вселило семејство  во куќата до нив.)

 Владимир: Си помнам тој ден. мајка ми го праша управникот на услугата кои се новите соседи, и откако го слушна презимето на кнегињата Засекина, најпрво рече со големо почитување:
- Мајката на Владимир: А, кнегиња...треба да е некоја сиромашка.
-Управникот на услугата:  Се преселија во три коли - немаат свој екипаж, и мебелот им е наједноставен.
Мајката: Да - сепак добро е.
(Таткото сторго ја погледнува, таа замолчува)
Владимир: Навистина кнегињата Засекина не можеше да биде погата жена : куќата и беше стара, малечка и ниска, богатите не ми се вселиле со нејзе.





No comments:

Post a Comment