Monday, March 19, 2018

„Вујко Вања“- Антон Павлович Чехов


  Драмското дело „Вујко Вања“ која е напишана од А. П. Чеков се зборува за едно руско семејство кое живее во селскиот имот на професорот Серебјаков и постојано има тажна атмосфера. 
Серебрјаков е пензиониран професор , Елена е 27 годишна девојка односно жена на професорот, а Соња е ќерката  на Серебрјаков од првиот брак. Соња е многу морална и вредна личност. Вујко Вања познат и како Војницки е многу разочаран од својот живот.. Тој сметал дека бил потрошен. Наспроти Вујко Вања тука е Серебрјаков кој е самобендисан, но може да се каже и дека се мрази себеси. Тој е несреќен и во некоја смисла болен, бидејќи живеел како да е во минатото. Во фамилијата има сериозни проблеми и недоразбирања.
  Драмата започнува со доаѓањето на имотот на професорот Серебјаков и неговата многу помлада сопруга Елена. Имотот е на Соња, ќерка на Серебјаков од неговиот прв брак, а Серебјаков се однесува како да е негов. Пред да дојдат професорот и Елена на имотот, Соња се надева дека Астров ќе ја ожени, бидејќи тој и е последната надеж. Кога Елена ќе дојде на имотот се се менува. Таа доаѓа од голем град и шири позитивна енергија. Сите од имотот, вујко Вања, работниците, дури и Астров ќе се заљубат во Елена. Вујко Вања се жали на односот на професорот кон членовите на семејството како и неговата дрскост. Исто така, Серебрјаков планирал и да ја продаде селската куќа, со што би донел незадоволство кај најблиските. Поради тоа, Вујко Вања ќе успее со пиштол да го исплаши професорот, што резултира со негово заминување од куќата заедно со Елена.По тој настан Серебјаков и Елена ќе се вратат во Москва, а расположението во имотот повторно е тмурно.
  Низ делото Чехов ни го презентира тажното расположение од сите случувања помеѓу сите ликови, кое ја опишува атмосферата на празниот живот.

No comments:

Post a Comment