Tuesday, March 27, 2018

„Дали е добро да се биде мрзелив?“

Не е добро да се биде мрзелив за многу причини и факти. Мрзеливоста е лошо чуство што го имаат некои луѓе. Тие често се несреќни, немаат работа или пак се дрски и нерасположени. 
Мрзеливите луѓе немаат никаква мотивација и инспирација во себе.Тие не размислуваат различно, и затоа не се креативни. Тие не се трудат да направат нешто интересно. Луѓето несакаат луѓе кои се досадни и немаат никаква кретивност во себе. Исто така, мрзеливите луѓе неможат да се радуваат за својот успех. Тие не постигнуваат ништо сами, не работат и лежат по цел ден и гледаат телевзија, и затоа неможат да бидат среќни за тоа што го постигнале. Ако си мрзелив, никој нема да те сака и почитува. Мрзеливите луѓе не помагаат на другите кога им е потребна помош, и нема никаква корист од нив. Луѓето ги сакаат оние кои што се вредни. 
На крај само заклучивме дека мрзеливите луѓе најверојатно немаат свои цели во животот и не ги интересира ништо.

Monday, March 19, 2018

„Вујко Вања“- Антон Павлович Чехов


  Драмското дело „Вујко Вања“ која е напишана од А. П. Чеков се зборува за едно руско семејство кое живее во селскиот имот на професорот Серебјаков и постојано има тажна атмосфера. 
Серебрјаков е пензиониран професор , Елена е 27 годишна девојка односно жена на професорот, а Соња е ќерката  на Серебрјаков од првиот брак. Соња е многу морална и вредна личност. Вујко Вања познат и како Војницки е многу разочаран од својот живот.. Тој сметал дека бил потрошен. Наспроти Вујко Вања тука е Серебрјаков кој е самобендисан, но може да се каже и дека се мрази себеси. Тој е несреќен и во некоја смисла болен, бидејќи живеел како да е во минатото. Во фамилијата има сериозни проблеми и недоразбирања.
  Драмата започнува со доаѓањето на имотот на професорот Серебјаков и неговата многу помлада сопруга Елена. Имотот е на Соња, ќерка на Серебјаков од неговиот прв брак, а Серебјаков се однесува како да е негов. Пред да дојдат професорот и Елена на имотот, Соња се надева дека Астров ќе ја ожени, бидејќи тој и е последната надеж. Кога Елена ќе дојде на имотот се се менува. Таа доаѓа од голем град и шири позитивна енергија. Сите од имотот, вујко Вања, работниците, дури и Астров ќе се заљубат во Елена. Вујко Вања се жали на односот на професорот кон членовите на семејството како и неговата дрскост. Исто така, Серебрјаков планирал и да ја продаде селската куќа, со што би донел незадоволство кај најблиските. Поради тоа, Вујко Вања ќе успее со пиштол да го исплаши професорот, што резултира со негово заминување од куќата заедно со Елена.По тој настан Серебјаков и Елена ќе се вратат во Москва, а расположението во имотот повторно е тмурно.
  Низ делото Чехов ни го презентира тажното расположение од сите случувања помеѓу сите ликови, кое ја опишува атмосферата на празниот живот.

Tuesday, February 13, 2018

„Прва љубов“ - Иван С. Тургењев

1. Фабула 
Ова дело автобиографско дело започнува со средбата на домаќинот со Сергеј Николаевич и Владимир Петрович кои на една забава почнале да раскажуваат за својата прва љубов. 
Сергеј и домаќинот ги раскажале своите приказни, и кога дошол на ред Владимир да раскаже тој одлучи да напише во тетратка, зашто не е добар наратор и неговата приказна е многу долга. 
Владимир, кога бил 16 годишно момче се заљубил во убавата 21 годишна соседка Зинаида, која не ја возвратила љубовта. Таа се заљубила во татко му Петар. Оваа прва љубов била многу значајна за Владимир. 

2. Сценарио 


(1833 година, во Москва, во вилата на Калушкиот Бунар, Владимир се подготвува за универзитет и се преселува)

(Владимир треба да се збогува со својот домашен учител Французинот)
(Родителите различно се однесуваат кон Владимир. Татко се однесува љубезно, а мајка му не му обрнува многу внимание)
(Мајка му на Владимир постојано беше љубоморна, возбудена, но не пред татко му зашто се плашела од него. Ттаткото се држеше самоуверен, сигурен во себе)

Владимир: Јас не сум видел човек кој бил неприродно мирен, сигурен во себе, самоуверен.
Владимир: Никогаш нема да ги заборавам првите недели што ги поминав во вилата. Времето беше прекрасно, се преселивме од гратчето на 9 мај.

(Владимир се замислува.)


Владимир: Крвта вриеше во мене,а срцето ми се стегаше толку слатко и толку смешно; постојано чекав нешто да се случи, се плашев од нешто, бев стегнат како пушка. Се задлабочував во мислите, бев тажен, понекогаш и плачев)
Се сеќавам немав никогаш интерес во љубовта, но имав претчуство дека ке криеше претчуство на срамежливо, слатко, женско...

(Владимир гледа преку прозорот и забележува како група од женски - во неа се вселило семејство  во куќата до нив.)

 Владимир: Си помнам тој ден. мајка ми го праша управникот на услугата кои се новите соседи, и откако го слушна презимето на кнегињата Засекина, најпрво рече со големо почитување:
- Мајката на Владимир: А, кнегиња...треба да е некоја сиромашка.
-Управникот на услугата:  Се преселија во три коли - немаат свој екипаж, и мебелот им е наједноставен.
Мајката: Да - сепак добро е.
(Таткото сторго ја погледнува, таа замолчува)
Владимир: Навистина кнегињата Засекина не можеше да биде погата жена : куќата и беше стара, малечка и ниска, богатите не ми се вселиле со нејзе.





Tuesday, January 2, 2018

„Галебот Џонатан Ливингстон“ - Ричард Бах

  "Галебот Џонатан Ливингстон" е басна напишана од Ричард Бах во која се зборува за галеб кој бил различен од другите галеби. Џонатан многу сакал да лета, и тој постојано учи за животот на летањето. Бил слаб, но летањето го сакал повеќе од храната.
  Родителите го молеле да биде како другите галеби. Сакале да се грижи за својата исхрана, но тоа не му било важно. Тој само сакал да стане летечки виртуоз. Со напорни вежби успеал да постигне брзина од 396 километри на час. Тоа бил рекорд во јатото и Џонатан очекувал пофалби од Старешината. Меѓутоа, Старешината го прекорил и го истерал од јатото. 
  Џонатан бил уверен дека следува повисока цел во животот. Тој бил повреден што никој да види што постигнал или да го слушне. Но, тој сепак никако не се откажувал од своите желби.
  Галебот одлучува да се врати во Јатото и да го напушти новиот свет. Флечер млад бунтовен галеб станува негов ученик. Џонатан засекогаш го напушта тој свет и го остава Флечер за да ги подучува другите галеби на патот кон остварување на своите желби.
  Без разлика какви сме, никогаш нема да бидеме прифатени од сите. Важно е да не се променуваме за други, без разлика дали сме различни од нив и секогаш да се бориме за нашите желби и соништа. 

Thursday, December 21, 2017

„Бескрајна Приказна“ - Михаил Енде

    Во делото "Бескрајна Приказна" од Михаил Енде се раскажува за појавата на младото момче Бастијан Балтазар Бак. Тој постојано бил осамен и тажен, и бил исмејуван и искористен од друштвото. Тој ја пронајде својата љубов кон книгите. Овие настани се случуваат во XX век во Земјата Фантазија.
   Еден ден, Бастијан бегал од група деца од училиште и влегол во антикварница каде што се запознава со лошиот продавач. Тој читал книга кој рекол дека е "несоодветна за деца". Поради тоа на Бастијан му го привлекло вниманието и тоа предизвикува да ја украде.
   Бастијан почнува да ја чита книгата и се запознава со јунакот Атреј кој има задача да ја спаси Детската Кралица од опасното "Ништо". Бастијан додека чита се повеќе се внесува во книгата и доаѓа до судир помеѓу ликот Атреј од книгата и Бастијан од реалниот живот. 
    Атреј влегува во една пештера каде што се сретнува со страшниот волк Морг, кој бил помошник на "Ништото" и имал задача да ја уништи Фантазијата. Подоцна, Атреј дознава дека Фантазијата ќе се уништи ако не даде ново име на Детската Кралица. 
    Поради тоа, Детската Кралица го замолува Атреј да даде ново име за да не се уништи Фантазијата. Тој излегол на прозорот и извикал "Дете на Месечината". Со тоа дал ново име на Детската Кралица и ја спасил Фантазијата. 

Monday, November 27, 2017

„Шагринска кожа“ - Оноре де Балзак

   Во делото "Шагринска кожа" на францускиот романописец Оноре де Балзак го осликува дејството во почетокот на XIX век, во Париз. Во овој роман се раскажува за младото момче и главниот лик, Рафаел де Валентин. 
  Рафаел е претставен како динамичен лик, затоа што донесувал решителни одлуки и одел кон целта. Тој ако би бил личност во реалниот живот би имал преголеми желби, а без многу средства за живот. Ова можеме да го заклучиме по неговиот обид за самоубиство, но кога ја пронажол шагринската кожа ја потрошил до крај. Општеството во кој живеел Рафаел било многу поразлично од денешното. Тој живеел во француско општество, во кое имало многу револционерни случувања. Нашето е различно затоа што нема такви случувања. Ликовите во ова дело го гледаат Рафаел како себичен лик, кој се грижел само за него. Рафаел знае кој го сака и кој не, но не е свесен за своите постапки. Тој пробал да ја освои нељубезната Феодора со својата шагринска кожа, но таа се потрошила. Тој е комплексен лик, во неговиот живот постојано се надградувал.
  Рафаел е личност која се развива длабоко низ овој роман и на крајот му ги разбираме вистинските карактеристики. 

Sunday, November 19, 2017

„Повик на дивината“ - Џек Лондон


  Во делото "Повик на дивината" од Џек Лондон се разкажува за животот на кучето Бак, и се зборува за бројот на настани што ги доживеал. Тој е главен лик во ова дело, кој бил измачуван од неговите сопственици. 
  Бак е претставен како динамичен лик. Тој правел што мислел дека е правилно, и неговите мислења и постапки мислел дека се добри. Тој секогаш се стремел кон целта. Некои ликови во ова дело го сметаат Бак како спротивник и непријател, а други како мило, добро куче. Но тој знаел кој го сака, а кој не. Бак според своите постапки ни укажува дека би бил слободна и храбра личност. Една од тие постапки е напаѓање на кучето Шпиц. Тој живеел во просто општество, кое е многу поразлично од нашето. Кучето Бак бил одземен од својот сопственик, и бил однесен кај нов. Тој имал многу проблеми со своите сопственици. Некои од неговите сопствениците го измачувале, а други пак сакале да го убијат. Светот во кој живеел Бак бил полн со непријатели и лоши луѓе и ретко се наоѓале луѓе како Џон Торнторн кој му помогнал. Бак е комплексен лик, затоа што поминал низ добри и лоши моменти, и имал различно мислење за светот и луѓето. 
  Во ова дело преку ликот на Бак дознаваме како се справува со различни работи, и дека бил храбар без разлика на сите измачувања што ги истрпил.