Thursday, December 21, 2017

„Бескрајна Приказна“ - Михаил Енде

    Во делото "Бескрајна Приказна" од Михаил Енде се раскажува за појавата на младото момче Бастијан Балтазар Бак. Тој постојано бил осамен и тажен, и бил исмејуван и искористен од друштвото. Тој ја пронајде својата љубов кон книгите. Овие настани се случуваат во XX век во Земјата Фантазија.
   Еден ден, Бастијан бегал од група деца од училиште и влегол во антикварница каде што се запознава со лошиот продавач. Тој читал книга кој рекол дека е "несоодветна за деца". Поради тоа на Бастијан му го привлекло вниманието и тоа предизвикува да ја украде.
   Бастијан почнува да ја чита книгата и се запознава со јунакот Атреј кој има задача да ја спаси Детската Кралица од опасното "Ништо". Бастијан додека чита се повеќе се внесува во книгата и доаѓа до судир помеѓу ликот Атреј од книгата и Бастијан од реалниот живот. 
    Атреј влегува во една пештера каде што се сретнува со страшниот волк Морг, кој бил помошник на "Ништото" и имал задача да ја уништи Фантазијата. Подоцна, Атреј дознава дека Фантазијата ќе се уништи ако не даде ново име на Детската Кралица. 
    Поради тоа, Детската Кралица го замолува Атреј да даде ново име за да не се уништи Фантазијата. Тој излегол на прозорот и извикал "Дете на Месечината". Со тоа дал ново име на Детската Кралица и ја спасил Фантазијата. 

Monday, November 27, 2017

„Шагринска кожа“ - Оноре де Балзак

   Во делото "Шагринска кожа" на францускиот романописец Оноре де Балзак го осликува дејството во почетокот на XIX век, во Париз. Во овој роман се раскажува за младото момче и главниот лик, Рафаел де Валентин. 
  Рафаел е претставен како динамичен лик, затоа што донесувал решителни одлуки и одел кон целта. Тој ако би бил личност во реалниот живот би имал преголеми желби, а без многу средства за живот. Ова можеме да го заклучиме по неговиот обид за самоубиство, но кога ја пронажол шагринската кожа ја потрошил до крај. Општеството во кој живеел Рафаел било многу поразлично од денешното. Тој живеел во француско општество, во кое имало многу револционерни случувања. Нашето е различно затоа што нема такви случувања. Ликовите во ова дело го гледаат Рафаел како себичен лик, кој се грижел само за него. Рафаел знае кој го сака и кој не, но не е свесен за своите постапки. Тој пробал да ја освои нељубезната Феодора со својата шагринска кожа, но таа се потрошила. Тој е комплексен лик, во неговиот живот постојано се надградувал.
  Рафаел е личност која се развива длабоко низ овој роман и на крајот му ги разбираме вистинските карактеристики. 

Sunday, November 19, 2017

„Повик на дивината“ - Џек Лондон


  Во делото "Повик на дивината" од Џек Лондон се разкажува за животот на кучето Бак, и се зборува за бројот на настани што ги доживеал. Тој е главен лик во ова дело, кој бил измачуван од неговите сопственици. 
  Бак е претставен како динамичен лик. Тој правел што мислел дека е правилно, и неговите мислења и постапки мислел дека се добри. Тој секогаш се стремел кон целта. Некои ликови во ова дело го сметаат Бак како спротивник и непријател, а други како мило, добро куче. Но тој знаел кој го сака, а кој не. Бак според своите постапки ни укажува дека би бил слободна и храбра личност. Една од тие постапки е напаѓање на кучето Шпиц. Тој живеел во просто општество, кое е многу поразлично од нашето. Кучето Бак бил одземен од својот сопственик, и бил однесен кај нов. Тој имал многу проблеми со своите сопственици. Некои од неговите сопствениците го измачувале, а други пак сакале да го убијат. Светот во кој живеел Бак бил полн со непријатели и лоши луѓе и ретко се наоѓале луѓе како Џон Торнторн кој му помогнал. Бак е комплексен лик, затоа што поминал низ добри и лоши моменти, и имал различно мислење за светот и луѓето. 
  Во ова дело преку ликот на Бак дознаваме како се справува со различни работи, и дека бил храбар без разлика на сите измачувања што ги истрпил. 

Monday, November 6, 2017

„Панонски легенди“ - Есеј



   Панонски легенди се вид црковна литература, што се создала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите дела на словенската книжевност. Во делото се опишува животот на браќата Кирил и Методиј. 
   Панонски легенди содржат две житија: "Житието на Св. Кирил" и "Житието на Св. Методиј". Житието на Св. Кирил започнува со опис на животот на Кирил од неговото детство и неговата љубов кон науката и мудроста. Тој се школувал во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата света Софија. Авторот опширно ги опишува мисиите на Св. Кирил, за време на создавањето на азбуката. Една од најзначајните мисии е Моравската Мисија, која кинезот Ростислав го повикал да пропроведуваат на словенски. Житието на Кирил е напишано 16 години подоцна и започнува со сличен вовед, само што е малку подолг. Во "Житието на Св. Методиј"  опишана е животот и делото на постариот брат Методиј. 
   Во двете житија се објаснува за правото на Словените на својот јазик, писменост и култура.  Авторот двајцата ги нарекува "раби божји" прикажувајќи ги како апостоли и светци. Овие учени луѓе го одбрале своето дело со мудрост. 




Thursday, October 19, 2017

„Сердарот“ - Григор Прличев


 Во делото "Сердарот" која е напишана во 1860 год се раскажува за истакнатиот борец Кузман Капидан против големите злодела на ограбувачките албански банди, кои поради ослобудување на султанската власт почнале да го малтретираат мирното и доброто население. Тој имал желба и цел да го заштити родниот крај.

Кузман е главниот лик, односно јунакот во ова дело. Тој е херојот кој заминал во борба за да си го заштити родниот крај. Во ова дело е прикажан како храбар јунак кој е спремен во секое време да се бори, премногу силен и во секоја борба се стремел кон победа. Неговата љубов кон мајка му и народот била огромна и неизмерна. Исто така тој имал преголема љубов и кон неговата девојка Марија. Кузман ја има
истата судбина како и неговиот татко, кој е убиен од непријателот, па затоа тој останал мал сирак. Иако знаел дека има малобројна чета тој имал надеж за победа. Тој поради својата сигурност продолжувал да се бори, а Гегите безмилосно го убиле Кузман.

Неда е мајка на јунакот во делото Кузман. Таа исто така како нејзиниот син е претставена како како борбена млада жена. Таа во секое време е подготвена за борба. Мајката Неда имала иста цел како и Кузман,а таа била да ги заштити селаните од Гегите. Неда е подготвена да стане водач на оваа борба. Како и сите мајки и Неда имала голема љубов кон нејзиниот единствен син, Кузман. Таа е храбра, силна и решителна. Не се плаши од непријателите. По убиството на Кузман, Неда секако го оплакувала нејзиниот син, но не давала на народот истото да го прави бидејќи тоа немало никаква вредност доколку тие самите не го продолжат делото кое го започнал Кузман. Григор Прличев преку ликот на Неда ја опишал неговата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.

Во ова дело исто така се спомнуваат негативните ликови наречени Гегите, кои се непријатели на Кузман. Гегите се прикажани како непријатели, немилосрдни, бездушници, убијци и крадци. Нивната цел била да ги ограбуваат селаните и да им земаат даноци. Од друга страна, нивни позитивни карактеристики се тоа што тие се чувствителни, бидејќи го однеле мртвото тело на Кузман и покрај тоа што можеле да бидат убиени од страна на гневното население. Тие и самите се големи борци, кои имаат многу почит кон борецот, а така ја покажуваат својата човечност. Во оваа поема како посебен борец од гегите се истакнува стариот Албанец, кој ќе ја теши ужалената мајка. Тие имаат почит кон Неда поради загубата на својот син. Исто така ја тешат и ја убедуваат Неда дека нејзиниот син бил голем јунак и секогаш ќе го памтат и почитуваат.

Оваа поема на Григор Прличев е важна за македонскиот јазик, бидејќи тој ја покажува вистинската состојба на народот во тој период. Настани се одвиваат во Западна Македонија кај областа Река. Прикажано е измачувањето на народот од страна на гегите и настојувањето на Кузман Капидан и неговиот народ кон подобар живот без борби.

Sunday, October 8, 2017

„Илијада“ - Есеј


  Во делото "Илијада" од Хомер се раскажува за Тројанската војна во XII век п.н.е.,која траела 10 години. Таа се одвивала помеѓу Ахајците од една страна, и Тројанците од друга страна, во градот Троја.  
  Војната започнала поради грабнувањето на кралицата Елена, која била жена на спартанскиот цар од од страна на Парис. Но и ахајските водители се бореле заради богатството на Троја. 
  Ахил несакал да учествува во војната, и ги оставил Ахајците сами да се борат против Тројанците. Откако тој приметува дека самите неможат да се справат, тој го испраќа својот најдобар пријател, Патрокло.
  Тој бил убиен во војната, и откако Ахил дознал тој сакал да се одмазди и го убил Хектор, и го влечел неговото мртво тело на ѕидините на Троја. 
  Илијада не ја читаме како соопштение за некој древен мит или историска битка, туку како повест за јунакот и човекот. 

Friday, March 24, 2017

Презентација- Биографија на Блаже Конески

На часот по македонски јазик, имавме задача од страна на наставничката да извршиме презентација за познати македонски личности. Сите ученици беа поделени во 7 групи по 3 ученици. Јас бев во група со Марија Сталевска, која беше лидерот и Јана Гиевска. Ние имавме задача да напишеме за Блаже Конески. Нашата презентацијата ја извршивме на Google Slides. Сите работевме заеднички и бевме сложни и јас сметам дека нашата група беше одлична, но следниот пат ќе се потрудиме да го запазиме времето.

Tuesday, February 28, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите од мојата генерација?

               

 Денешното време е многу поразлично од минатото. Младите често слушаат од некој постар "кога бев твое годиште времето беше поразлично". Има позитивни, но и негативни карактеристики. Нашите родители кога биле деца немале интернет, и не биле заинтересирани за технологијата. Излегувале надвор заедно со своите пријатели и меѓусебно се дружеле. Но, за разлика од тогаш, денес технологијата го променува животот. Интернетот е многу застапен, и младите се заразени со технологијата. Младите денес често не комуницираат со своите пријатели, туку деновите ги поминуваат на своите телефони, компјутери, и други различни уреди. Интернетот и технологијата се многу голем дел од денешниот свет. Интернетот е многу корисен и технологијата се повеќе и повеќе напредува. Во иднината, неможам да замислам каков ќе биде светот и што се ќе има. Јас сметам дека времето во коешто живеам сепак е добро за мојата генерација.



Monday, February 27, 2017

Колаборативна работа - Обработка на делото ,,Времеплов'' од Х.Џ. Велс



Минатата недела, на часот по македонски јазик, ја обработувавме лектирата "Времеплов" од Х. Џ. Велс. Имавме задача од страна на наставничката да направиме табела за список на настани од делото, поделени на три дела: опис на ликови, судир (проблем) и чувства. Бевме поделени на група од тројца ученици. Јас бев лидерот, и наставничката по македонски јазик ми испрати линк што требаше да го споделам со соучениците од мојата група. Во мојата група, беа вклучени соучениците Ања Прчева и Атанас Зафироски. Мојата задача беше да ги опишам судирите (проблемите) во настаните. Нашата група беше одлична, сите во групата работевме заеднички. Јас сметам дека мојата задача беше извшена добро, и се надевам дека вашето мислење ќе го споделите. Во прилог ја оставам табелата од описот на ликови, судир (проблем) и чувства.




Настан
ликови
судир/проблем
чувства
  1. Времепловецот со своите другари оди во лабараторијата каде што им ја покажува временската машина. Тие тврдат дека неможе да се патува низ времето.
Времепловецот е упорен дека човекот може да патува низ времето, назад во минатото и напред во иднината.
Пријателите не му веруваат на времепловецот дека може да патува низ времето, и затоа тој треба да докаже дека може.
Временскиот патник е возбуден бидејќи сака да ја покаже својата машина на љубопитните пријателите, кои сеуште веруваат дека човекот неможе да патува низ времето.
  1. Времепловецот го нема. Потоа, тој се враќа и раскажува за неговото патување.
Временскиот патник се враќа ранет, распарталавен и со прашина на облеката.
Времепловецот изчезнува и никој не му верува за временската машина.
Пријателите се загрижени за патувањето на Времепловецот, а тој е горд поради создавањето на временската машина.
  1. Во иднината на местото на неговиот град видел необичен друг град. Тој имал градби од камен во коишто живееле некој чудни суштества наречени елои.
Eлоите се мали и нежни суштества со кадрава коса, без влакна на лицето и со шилести бради. Тие имаат нежен поглед и се хранат само со овошје.
Времепловецот се наоѓа во друг град и не е дојден.
Времепловецот е изненаден од новиот град, а исто и Елоите бидејќи тој бил поразличен од нив.
  1. Времепловецот ја набљудува околината заедно со нив елоите.
Елоите се мали и добри суштества и го запознаваат Времепловецот со околината.
Елоите се единствените суштества кои ги запознал времепловецот и тие не работат ништо.
Патникот е зачуден поради новите суштества кои ги сретнува.
  1. Времепловецот забележува дека неговата машина ја нема. Тој постојано мисли дека ја украле елоите. На тој ден, Времепловецот се запознава со девојка по име Вина, кој подоцна ја спасува од давењето во реката и дознава за светот на Морлоците.
Вина е девојка со убави и нежни очи, која се заљубува во временскиот патиник.
Mорлоците се лоши суштества кои личеле на мајмуни и се хранеле со Елоите. Тие излегувале само ноќе бидејќи се плашеле од светлината.  Морлоците станале лоши бидејќи биле искористувани од богатите, па така станале човекојадци.
Временската машина на времепловецот е украдена. Тој мисли дека елоите ја украле.


Моплоците биле лоши и станале човекојадци.
Времепловецот е исплашен поради исчезнувањето на својата машина, но и храбар поради спасувањето на Вина.
  1. Времепловецот се збогува со малата Вина и се спушта во подземниот свет кај Морлоците. Тој запалува кибритчиња, а Морплоците бегаат од нив. Времепловецот го напушта подземниот свет.
Времепловецот е тажен поради збогувањето со Вина, но истовремено и среќен што Морлоците бегаат.
Времепловецот тажно се збогува со Вина. Тој запалува кибритчиња и Морлоците бегаат од нив.
Времепловецот се чувствува тажно бидејќи можеби нема повторно да ја види Вина, но и храбар бидејќи се бори против Морлоците. Тие се плашат и бегаат од светлината.
  1. Времепловецот се плаши од месечината затоа што тогаш Морлоците можат да прават лоши работи. Тој сака да запали оган, бидејќи тоа ќе биде најдобро оружје за нив. Нему му е потребно оружје за да ја отвори сребрената врата што се наоѓа под Белата Свинга.
Времепловецот е тажен поради збогувањето со Вина, но истовремено и среќен што Морлоците бегаат.
Времепловецот се плаши од Mесечината бидејќи Морлоците можат да направат нешто лошо.
Патникот е исплашен поради лошите работи кои можат да ги прават Морлоците за време на месечината.
  1. Влегувањето на патникот во Зелената Палата, му наликува на музеј со галерија. Тој забележува дека има темни и уништени галерии. Тие ја поминуваат ноќта на отворено.
Времепловецот е возбуден поради влегувањето во палатата.
Времепловецот ги забележува уништени и оштетени галерии.
Времепловецот е зачуден од изгледот во Зелената Палата.
  1. Вина и Времепловецот се во шумата. Се сретнуваат со Морлоци, но за да се спасат, палат оган. За жал, малата Вина умира, а на Времепловецот му остануваат уште неколку кибритчиња.
Вина е исплашена поради присуството на Морлоците.
Вина и Времепловецот се сретнуваат со Морлоци. Неможеле и двајцата да се одбранат и жалосно Вина умира.
Временскиот патник е исплашен поради средбата со Морлоците, а малата Вина се плаши.
  1. Времепловецот се доближува до свингата каде што ги забележува бронзените врати и својата машина.
Временскиот патник е среќен поради наоѓањето на својата машина.
Времепловецот ја пронајдол временската машина.
Патникот е среќен бидејќи ја пронајде својата машина.
  1. Времепловецот се враќа назад во временската машина.
Времепловецот е возбуден за враќањето во своето време.
Времепловецот патува низ времето кон сегашното време.
Времепловецот е среќен поради враќањето во своето време, но и тажен бидејќи Вина повеќе нема да ја види.
  1. Временскиот патник стигнува назад во своето време. Никој не му верува, но тој за доказ ги покажа двете цвеќиња што му ги даде Вина. Утредента, тој се сретна со научникот каде што заедно влегуваат во машината и патуваат низ времето.
Временскиот патник раскажува за своето патување во времето и овој пат неговите пријатели навистина се уверени дека човекот може да патува низ времето.
Времепловецот докажал дека сепак патувал низ времето. Тој заедно со научникот патувале низ времето.
Времепловецот е среќен што конечно има докази за своето патување, а неговите пријатели се зачудени.